• Sun. Nov 24th, 2024

Кои се доставија кандидатури за градоначалници во општините од Југоистокот

ByВане Трајков

Sep 13, 2021

Во  општина Струмица за функцијата градоначалник како што веќе информиравме има доставено три кандидатури  додека за место во Советот се пријавени осум советнички листи.  За градоначалник на општина Струмица кандидатури имаат предложено Интегра – Македонска конзервативна партија  со Васе Витанов, коалциијата на СДСМ со Костадин Костадинов и коалицијата на  ВМРО ДПМНЕ со Жан Дрвошанов

Во Гевгелија за градоначалник доставени се 5 кандидатури и тоа Љупчо Кадиев – Интегра-Македонска конзервативна партија Сашо Поцков  – СДСМ со коалицијата,  Андон Сарамандов  – ВМРО ДПМНЕ со коалицијата Глигор Петков – независен и  Виктор Петков коалиција на ЛДП и ДОМ. Во Гевгелија има доставено 6 советнички листи

Во Богданци до ОИК доставени се три кандидатури за градоначалник и тоа Блаже Шапов  – СДСМ, Ристо Пеев   ВМРО ДПМНЕ  и Ристо Џаков  како  независен. Таму има доставено 5 советнички листи.Во Дојран исто така има три кандидатури за градоначалник. Освен веќе познатите на Анго Ангов од СДСМ и Филип Дончевски од ВМРО ДПМНЕ таму кандидат исфрли и ПОДЕМ со Зоран Веселиновиќ. Во општина Дојран  се доставени четити советнички листи

Во општина Радовиш до тамошната комисијаа има доставено 4 кандидатури и тоа Герасим Конзулов кој ќе оди со  коалиција на ЛДП и ДОМ,  Ацо Ристов   – ВМРО ДПМНЕ, Коле Чаракчиев – СДМС и Горан Поцев  како  независен. За столче во радовишкито совет свои листи предлошија 5 партии и колаиции и една независнаВо Конче доставени се три кандидатури и тоа Благој Илиев од СДСМ, Златко Ристов од ВМРО ДПМНЕ и Осман Баров од Демократската партија на турците од Макеоднија. Таму се доставени дури 6 советнички листи

Во Валандово, Босилово, Ново Село и Василево има по двајца кандидати за градоначалник и тоа од двете најгое. Во Валандово че се соочат Перо Костадинов од СДСМ и Тони Узунов од ВМРОД ПМНЕ, во Василево Марјан Јанев наспроти Славе Андонов, Во Босилово Зоран Зимбаков и Ристо Манчев додека во Ново Село  Звонко Ангелов наспроти Горги Божинов. Освен двете најголеми политички партии во овие општини  советнички листи имат пријавено коалицијата на ЛДП и ДОМ, Интегра, Единствена Македонија, граѓанската група ,,Стига е’’ и Левица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *