Економската криза, неизвеснота, стравот за сопственото и здравјето на блиските се само дел од предизвиците што ги донесе пандемијата со ковид-19. Поневидливите, сепак, се оние што се случуваат во домот, далеку од очите на јавноста. Како, семејното насилство, за кое се смета дека насекаде во земјава но и во светот доживеа раст за време на изминатите девет месеци.
Гевгелија, не е исклучок. На состанокт на гевгелискиот градоначалник со претставници на Општинскиот центар за социјални работи и три невладини организации е констатирано дека генерално бројот на жртви на семејно насилство е помал за разлика од претходната, 2019 година, но, значително зголемен во месеците откако почнаа рестриктивните мерки поради корона-вирусот.
Во Центарот за социјални работи имало 22 активни предмети од кои 12 се од минатата година. Во гевгелиската полиција, пак, во текот на оваа година се поднесени 5 кривични пријави за семејно насислтво, од кои 3 за телесна повреда и 2 за загрозување на сигурноста. Пристигнале и 15 известувања од кои 3 биле за телесна повреда, а 12 за загрозување на сигурноста.