На 26 јануари (петок) во 19:30 часот, во Europe House во Струмица, ќе се одржи книжевен разговор со Наташа Сарџоска, која е поетеса, писателка, антрополог, литературна преведувачка и полиглот.
Во рамките на овој разговор, ќе бидат претставени нејзиниот роман „Живот без сведоци“ и поетската збирка „Часови по измама“.
Водителки на разговорот ќе бидат професорката д-р Ана Витанова Рингачева и поетесата и новинарка Сузана Мицева.