Кошаркарите на Струмица никако да го најдат вистинскиот пат за славје и победа во годинашиов шампионат. И во четвртиот првенствен натпревар од Првата лига претрпеа пораз. На свој терен станаа лесен плен и за Куманово кој во салата Парк се прошетаа со 90:66.
Дека ќе претрпат пораз избраниците на Власис Влаикидис се виде уште во првата четвртина каде за 10 минути уфрлија едвај 9 поени наспроти кумановци кои постигнаа дури 22. Ниту втората четвртина не се смени сликата по што Куманово по првото полувреме имаше двојна предност или од 42:24.