Брачниот пар Кирил и Билјана Ахтарови ќе го предводат карневалското дефиле по струмичките улици, откако на големиот маскенбал во хотелот Сириус беа избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал 2019. Облечени како Фламинго и Црниот Гавран, Билјана и Кирил ги освоија симпатиите кај присутните на маскенбалот но и организациониот одбор на струмичкиот карневал
,,Ни претставува чест и привилегија да го предводиме карневалското интернационално дефиле. По втор пат од нашата карневалска група се избира принц и принцеза што значи дека нашата маска е квалитетна и интересна, рекоа Ахтарови, кои за својата креација добија медали од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.