• Fri. Nov 22nd, 2024

Кинески град за пет дена ќе ги тестира сите девет милиони жители

Кина од денеска спроведува масовна кампања за тестирање на коронавирус во градот Чингдао, каде живеат 9 милиони жители.

Кинескиот град тестирањето планира да го заврши за пет дена. Масовното тестирање следи откако беа откриени десетина нови случаи на зараза поврзани со болница која лекува пациенти пристигнати од странство.

Во мај, Вухан за десет дена ги тестираше сите свои 11 милиони жители и ова е еден од начините на кои Кина успева да го држи ширењето на коронавирусот под контрола, за разлика од остатокот од светот.

Здравствените власти на Кингдао кажаа дека во изминатите денови биле откриени 12 нови случаи на коронавирус, од кои половина биле асимптоматски. Сите случаи се поврзани со иста болница. Властите планираат да тестираат пет области во рок од три дена, а за целиот град ќе им требаат пет дена.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *