Кикбоксерот Игор Петков од Струмица кој зад себе има повеќе титули во овој спорт но и во ММА дисциплината, од неодамна стана татко. Неговата сопруга пејачката Гонце на свет донесе здраво женско бебе. Игор и Гонце кои се пресреќни одлучиле приновата да ја крстат Ана која во домот им донела дополнителна музика со нејзиниот детски плач
,,Пресреќни сме. Тоа е најубавото нешто што ми се има случено. Со Гонце неможеме да се одделиме од Ана. Таа е премногу слатка и засега мирна иако како бебе одвреме навреме ни потпевнува со детски плач.,, ни истакна Игор кој тврди дека Ана ќе била убава и музикална на мајка си а храбра и силна на него.
Игор Петков е член на КБК ,, Тим Зоран,, од Струмица и е професионален кикбоксер и со години во својата категорија е актуелен Шампион. Тој паралелно учествува и на повеќе меѓународни турнири во ММА дисциплината и забележува одлични резултати