• Sun. Nov 24th, 2024

Кај Босилово ќе се гради трим патека вдолж реката Струмица

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион деновиве склучи договор со скопската фирма „ОСД Кирил ДООЕЛ“ за изградба на спортско рекреативна трим патека вдолж реката Струмица во должина од околу еден километар. Целиот проект треба да го реализира за 4,7 милиони денари со вклучен ДДВ

Трим патеката со должина од 1003 метри кај Босилово треба да биде готова за 6 месеци . Според договорот на неа треба да бидат поставени 15 бетонски канти со внатрешен опшиен лим за отпадоци и 15 дрвени клупи за одмор и релаксација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *