Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во Скопје, каде синоќа имаше божиќна света литургија.
На литургијата присуствуваа определен број свештени лица и верници согласно протоколите за заштита од ковид-19, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.
Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната проповед.