Карневалските групи од основните училишта „Сандо Масев“, „Видое Подгорец“ и „Маршал Тито“, како и карневалската група „Газели“ од Радовиш го претставуваа Струмичкиот карневал на 15. Меѓународен карневал во Врњачка Бања, Србија.
Групите се претставија со своите маски, за кои освоија награди и признанија на Големиот струмички карневал.
Заедно со групите во Врњачка Бања присуствуваше и делегација на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал предводена од претседателот Александар Цицимов.