• Fri. Nov 22nd, 2024

Карванот за вакцинација денеска во Ново Село

Карванот за вакцинација денеска во Ново Село

Општина Ново Село денеска ќе биде местото каде што ќе биде присутен карванот за вакцинација, откако вчера тој беше поставен на градскиот плоштад во Струмица.

Целта на здравствените власти е со овој карван да ја промовираат вакцинацијата против ковид-19 и да го зголемат процентот на имунизирано население, пред сè, во местата каде заинтересираност за вакцинација е на ниско ниво.

Кога се во прашање рестриктивните мерки за заштита од вирусот, олеснување се очекува да има наредните денови кога Централниот координативен штаб треба да ги разгледа најновите предлози на Комисијата за заразни болести.За да стапат на сила, истите потоа треба да добијат зелено светло и на владина седница.

Последните препораки за олеснување од Комисијата, дадени минатата недела, се однесуваат на укинување на обврската за носење маски во за децата во основните училишта, како и да не биде потребен сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19 за посета на отворените делови и терасите на угостителските објекти.

По вчерашниот извештај на здравствените власти со кој беа регистрирани 281 новозаразен со ковид-19, тројца починати и 285 оздравени пациенти, во земјава во моментов се активни 1 964 случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *