• Sat. Nov 23rd, 2024

Канал ВИС со најголема гледаност во 2017 во Југоистокот – истражување на АВМУ

ByВане Трајков

Jan 16, 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на РМ – АВМУ ги објави податоците за рејтингот на гледаноста на националните и регионалните телевизии и за последните три месеци од 2017 година односно четвртиот квартал од минатата година.

И во овој квартал, според АВМУ,  ТРД  Канал ВИС има највисоки проценти во просечниот неделен досег , уделот во гледаноста во Југоистокот  како регион  но и во вкупната гледаност на ниво на држава .

Споредувајки ги резултатите , Канал ВИС  во овој период, има  тројно поголема гледаност од  останатите две регионални телевизии кои зрачат во југоистокот класифициран како регион  Д4 Боскија.

Според  АВМУ , Канал Вис во регионот Д4 каде спаѓаат општините од Југоистокот ( Конче, Радовиш, Василево, Струмица, Босилово, Ново село, Валандово, Богданци, Гевгелија и Дојран) има 3,07 процентни поени гледаност,  што е  речиси тројно  повеќе од  активната  Кобра која има 1,07 проценти поени гледаност и во моментов неактивниот Телеканал А1 кој имал 1,23 проценти поени гледаност.

Според овие податоци но и претходните извештаи на АВМУ  граѓаните од југоистокот во 2017 година најмногу ги гледаат програмските содржини што ги нуди Канал ВИС тргнувајки од информативните, забавно рекреативните  и спортските содржини во одност на останатите телевизии.

Извештајот на АВМУ на следниов линк 

http://avmu.mk/wp-content/uploads/2018/01/1AVMU-doseg-2017-Q4.pdf

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *