Канал Вис останува најгледана телевизија во југоистокот. Според извештајот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, регионалниот медиум Тв канал Вис е најгледана телевизија во југоисточниот регион со просечна гледаност од 3.79 % во вкупната гледаност на радиодифузниот регион Д4 Боскија. Ова значи дека канал Вис и понатаму ужива најголема доверба и рејтинг кај граѓаните од југоисточна Македонија, од Радовиш до Гевгелија. Колку за илустрација, гледаноста на Вис е двојно поголема од останатите регионални телевизии. Според Авму, на второ место во регионот е Кобра, а последна по гледаност е Телеканал А1.
Просечната гледаност на телевизија Кобра е 1.66%, додека Телеканал А1, 1.49%.
Анкетата којашто агенцијата ја спровела телефонски покажа дека најатрактивни содржини на телевизија Вис се вестите. Најгледано е централното издание на дневникот, во 17.30, а веднаш по него и вестите во 15 часот.
На ниво на држава, канал Вис со овој рејтинг е меѓу трите најгледани регионални телевизии на македонски јазик.