• Sat. Nov 23rd, 2024

Канал Вис дел од семинарот на Европската Унија и Локалните Медиуми

Тв Канал Вис беше дел од третитот семинар за новинари и уредници од локални и регионални медиуми.
Овој семинар посветен на европската унија и локалните медиуми се одржа од 14-16 март во Велес.
На овој семинар се зборуваше за ЕУ Институциите, како и за пребарување на информации са Европската Унија каде свое излагање имаше Валентин Нешовски, офицер за односи со јавноста во ЕУ Инфо Центарт.

За процесот на пристапување во Европската Унија како и за тековните и политички настани пред новинарите се обрати Лукаш Холуб, раководител на оддел за политички прашања, правда и внатрешни работи во Делегацијата на ЕУ.

Дејан Анастасијевиќ, новинар од ВРЕМЕ од Белград, зборуваше за Етиката во новинарството,како и за професионалните стандарди при новинарските прилози.

Амбасдорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав, зборуваше за важноста на договорот од Пржино како и за објективното известување на медиумите,за прочистувањето на избирачкиот список, како еден од клучните моменти за фер и регуларни избори оваа година.

Тим Фентон, медиумски едукатор и поранешен политички и парламентерен дописник за БИ-БИ СИ, зборуваше за објективното медиумско известување.

На крајот од семинарот свое излагање имаше Сања Фрковиќ, која одржи Презентација на Генералниот Директорат за подршка на слободата на медиумите и медиумскиот интегритет во земјите кандидати за проширувањена ЕУ 2014-2020.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *