• Sat. Nov 23rd, 2024

И Гевгелија годинава скромно ќе биде украсена – парите ќе одат за елементарни непогоди

Најјужниот град во земјата годинава ќе ги следи трендовите на останатите градови – за Нова Година скромно ќе биде украсен.

Во интервју за локалната телевизија Нова 12, градоначалникот Сашо Поцков рече дека досега трошеле околу еден милион денари за украсување, но годинава овој буџет ќе биде драстично намален.

Ќе се одделат околу 230 илјади денари за поставување новогодишна елка на плоштадот во Гевгелија, а улицата до библиотеката ќе има „ѕвездено небо“ и тоа ќе биде речиси целото разубавување.

Преостанатите 800 илјади денари ќе се вратат во буџетот во ставката елементарни непогоди и за реконструкција на локални улици и патишта.

Гевгелија не очекува гости годинава, поради затворените граници што ги предизвика пандемијата со ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *