• Fri. Nov 22nd, 2024

ИЈЗ: Регистрирани се 8,9 отсто помалку заразени со ковид минатата седмица

By

Nov 24, 2021

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, што е најзабележително кај лицата над 60 години

Досега се регистрирани 870 реинфекции, од кои 49 минатата седмица

Намалување за 8,9 отсто на бројот на новозаразени од ковид-19 е регистрирано во текот на минатата седмица, односно од 15 до 21 ноември, во споредба со претходната, според податоците од Институтот за јавно здравје. Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, освен кај возрасната група од 0 до 9 години. Најзабележително е намалувањето кај возрасната група над 60 години.Минатата недела од ковид-19 заболеле 2 929 лица, што е за 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември. Најмногу новозаразени има во Скопје, а најзастапени се лицата над 60 години.

Изминатава недела се пријавени 91 смртен случај, а евидентирани се и 2 855 оздравени лица.

Во истиот период се регистрирани и 49 реинфекции, а заклучно со 21 ноември има вкупно 870 регистрирани реинфекции.

Извор:https://360stepeni.mk/ijz-registrirani-8-9-otsto-pomalku-zarazeni-od-kovid-minatata-sedmitsa/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *