Италијанската компанија „Brera Holdings“ е нов сопственик на Академија Пандев,а денеска официјално е потврдено преземањето на македонскиот фудбалски прволигаш.
„Компанијата Brera Holdings ја продолжува својата имплементација на стратегијата која ќе форсира за ширење и промоција на брендот Brera во Источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера, планот е да се зголеми тимскиот напредок“, изјави извршниот директор на компанијата, Серџо Скалпели.
Првата фудбалска лига на Македонија продолжува претстојниот викенд, а Академија Пандев многу брзо ќе го промени името и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во елитата.