Брера Струмица го претстави Салваторе Рибаудо како ново засилување за македонскиот прволигаш за следната сезона.
Рибаудо е млад и надежен фудбалер кој игра во нападот и веќе се приклучи на сениорскиот состав на струмичани во Банско, Бугарија. 19-годишниот Салваторе е дете на италијанскиот клуб Парма каде ги помина сите младински категории, а во Брера Струмица дојде од шпанскиот тим Реал Авила, која се натпреварува во пониските шпански лиги, каде беше од јануари.