• Tue. Nov 26th, 2024

Истрагата што ја води ОЈО ќе покаже , дали имало од спорните МРП вакцини и во Струмица

вакцини против ковид-19

Епидемиолошката состојба во земјава со мали сипаници сеуште не се стивнува, секојдневно низ повеќе општини во земјава се регистрираат нови заболени лица.За само една недела во земјава се регистрирани нови 71 лице со мали сипаници , најмалиот пациенбт е 9 месечно бебе.Состојбата во Струмица не е алармантна и нема регистрирано случаи со епидемиолошката врска, епидемиолозите велат дека доколку постојат се од изилоран карактер и нема никаква опасност од појава на сопаници со епидемеиолошки размери .И додека расте бројот на заболени после речиси 2 месеци ОЈО бара отчет од Министерството за здравство да изврши проверка во сите здравствени установи во државава и да каже колку МРП вакцини со декларации со истечен рок биле употребени врз пациенти и дали има пријави за какви било штетни последици. Вакво барање доставило јавното обвинителство до здравствените власти. Ако имало некакви невообичаени последици кај децата што ја примиле вакцината, министерството за здравство треба да обезбеди податоци кај кои пациенти било тоа, во кои Здравствени домови, како и да ја предаде нивната целокупна медицинска документација на јавниот обвинител.Освен тоа обвинителството во рамки на истрагата што ја отвори по допрен глас, наредило да се направи и вештачење за исправноста на спорните вакцини.

  • „За да може да се спроведе постапката за вештачење, од МВР е побарано да овозможи пристап до карантинот во фирмата „Македонија лек“, каде што се чуваат повлечените вакцини кои ќе бидат предмет на испитување.“ велат од Основно Јавно Обвинителство.
    Фирмата што ги дистрибуираше МРП вакцинините тврдеше дека само декларациите се грешни, а вакцините се исправни и се извини за грешката. Истата фирма доби дел и од новиот тендер за набавка на вакцини во следните две години. Во меѓувреме расте бројката на заболени од мали сипаници.
    Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони – Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *