Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека денеска се исплатени субвенции во висина од 238,6 милиони денари.
Од таму додаваат дека станува збор за исплати за повеќе мерки, и тоа: за вршењеа земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности, за органско производство, за производство на основен, производство на саден и за производство на сертифициран семенски материјал по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2019. Исплатени се и субвенциите за осигурување на посевите од непогоди по програма 2020 година.
Директорот на агенцијата, Никица Бачовски, информира дека на сметките средства имаат и земјоделците кои имаат поднесено барања за добивање средства од мерката 215 органско производство. Исплата на средства има и кај сите земјоделски стопанства кои ги осигурале посевите и добитокот.
„Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди, а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив“, рече Бачовски.