• Sun. Nov 24th, 2024

Исплатени субвенции за говеда и пчелни семејства

ByВане Трајков

Aug 17, 2022

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства.

На близу 9.700 сточари се исплатени 329.512 000 денари за говеда евидентирани во регистарот за одгледувалишта на говеда, а 5877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства добија финансиска поддршка од 210 милиони денари.

Висината на директните плаќања за говеда изнесува 2.800 денари по грло ,односно 3.100 по грло за земјоделски стопанства со пријавен број за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *