Вечерва во Босилово ќе се одржат традиционалните „Иселенички средби“.
– Идеата за организирање на оваа манифестација ,,Иселенички средби,, потекна лично од мене, во далечната 2011 година, заедно со претставничката на Мировниот корпус, која во тоа време волонтираше во нашата општина. И после девет години оваа манифестација опстојува. Со организирањето на ваква вечер сакаме како локална власт да им посакаме добродојде на нашите сограѓани, иселеници од дијаспората, да им испратиме искрена порака дека секогаш и во секое време се добродојдени во родниот крај, вели на својата ФБ страна, градоначалникот на Општина Босилово, Зоран Зимбаков.
Средбите почнуваат во 20 часот на Летната сцена во Босилово. За музичкиот дел се задолжени Пицикато, Билјана и Боро со групата Астрион, Силви Бенд и Сузана Гавазова.