• Mon. Nov 25th, 2024

Инцидент во Грција: Четиригодишно дете случајно проголтало две оси, итно било пренесено во болница

ByЃ. K.

Jul 18, 2023

Четиригодишно дете случајно голтнало две оси кои му паднале во сокот од портокал, а кои потоа го искасале по вратот. Инцидентот се случил викендов на плажата Микрос Галос на Лефкада, јавува грчкиот портал „Пелоп“.

На момчето брзо му била укажана помош во локалната болница.

Лекарите предупредуваат дека каснувањето од стршлен, кој се смета за еден од најчестите видови оси, има многу висок импулс на реакција, поради што е неопходна итна и брза интервенција.

Луѓето кои имаат утврден ризик да добијат алергиски реакции од секаков вид на оси мора секогаш да имаат препишан лек со себе, а најчесто тоа е еден од антихистаминиците, велат лекарите.

By Ѓ. K.