Во Ново Село беа изненадени од информациите дека во нивната општина на вчерашните предвремени парламентарни избори победиле ДУИ и Алијанса за албанците. Од општинската изборна комисија тврдат дека албанскиот политички блок вчера добил само 11 гласа. Во победничката СДСМ сметаат дека станува збор за техничка грешка по упадот на сајтот на ДИК.