• Fri. Nov 22nd, 2024

ИНТЕР ЌЕ ГОСТУВА НА ОТВАРАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ НА ПАНДЕВ ВО СТРУМИЦА

Оваа година треба да заврши изградбата на спортско-рекреативниот центар Пандев во Струмица, вреден повеќе милиони евра, а се очекува на отварањето да гостува италијанскиот тим Интер од Милано. Откако се подигна зградата каде ќе има апартмани, базени, теретани, сауни и фитнес центар, градежни екипи почнаа да го расчистуваат теренот каде треба да се изгради фудбалското игралиште, кое ќе биде според пропозициите на УЕФА со капацитет од 400 посетители пишува порталот www.sdk.mk

Југослав Тренчовски  за Канал ВИС истакна дека во април ќе биде готов теренот а веќе во август треба да гостува позната екипа на првиот дуел што Академијата ќе го одигра

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *