Инспирирани од постапката на Нина од Србија, другарчињата Марија, Петар и Силвија од Гевгелија започнаа да продаваат крофни и кифли за да ѝ помогнат на Луна Поп Костова, собирајќи пари за нејзиното лекување во Турција.
Акцијата ја започна Марија Митрова (11 години) која почна да меси крофни со мајка ѝ, а веќе добиваат зејтин и брашно како помош од Гевгеличани.
Петар и Силвија продаваат и други колачи, а продажбата им оди одлично.
Сите можеме да ѝ помогнеме на Луна, на која и се потребни 65.000 евра за операцијата во Турција. Средствата треба да бидат собрани најдоцна до септември.