Воените воздухопловни сили на Индија планираат да нарачаат 21 суперсоничен борбен авион „миг-29“ од Русија, објави „Економик тајмс“, повикувајќи се на воени извори.
„ИАФ се обидува итно да набави 21 дополнителни борбени авиони ‘миг- 29’ од Русија за да ги додаде во своите три ескадрони од истиот тип кои се веќе во служба. Овие авиони, од кои два се за обука, се очекува да бидат набавени по разумна цена зашто тие веќе се делумно произведени во Русија за претходна нарачка што била откажана“, пишува весникот.
„Овие авиони, ако бидат нарачани, ќе бидат приспособени да ги заменат застарените ескадрони од ‘миг-21’ кои треба да бидат повлечени во наредните пет години“.
Индиската влада е подготвена да го разгледа овој предлог на воздухопловните сили. Набавката може да почне две години по потпишувањето на договорот со Русија, појаснуваат извори.
Индиските воздухопловни сили, исто така, планираат да порачаат повеќенаменски супериорни борбени твинџет авиони „ Су-30МКИ“ во објектите на „Хиндустан аеронаутикс“. Новата нарачка ќе ѝ овозможи на компанијата да продолжи со производство на линијата „Су-30МКИ“ откако нарачката за производство на 272 вакви авиони ќе продолжи по зацртаното во 2021 година.
извор: makfax