Полицијата и безбедносните сили спроведоа рација во областа Пампоре во индискиот дел на Кашмир откако добија разузнавачки извештај за милитантно присуство таму.
Еден терорист е убиен во престрелката додека уште двајца се повлекле и се скриле во блиската џамија. Според полицијата, бил користен солзавец за да се истераат милитантите од зградата. Потоа и двајцата беа убиени, а немало оштетување на џамијата.
Во одделна операција, безбедносните служби наишле на пет терористи во областа Шопијан. Сите милитанти се убиени во престрелката. Нема извештаи за жртви меѓу полицијата или цивилите.
https://twitter.com/KashmirPolice/status/1273350001599451137?s=20
Индија редовно спроведува рации против исламистичките бунтовници во областа, расчистувајќи ги нивните кампови и запленувајќи го оружјето на оддалечени локации.
Ситуацијата на теренот останува напната бидејќи претходно неделава индиските и кинеските трупи се судрија кај спорната граница во Ладах, дел од поголемиот регион Кашмир. Во судирот загинаа 20 индиски војници.
Пекинг рече дека имало жртви од обете страни, но не го ибјави бројот на загинати или повредени кинески војници. Страните во моментот водат разговори за да ги смират тензиите.
Индија и нејзиниот западен сосед Пакистан, кој тврди целиот Кашмир е негова територија, повремено се вклучуваат во прекугранични бомбардирања, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтите.
извор: makfax