• Fri. Nov 22nd, 2024

Изречени 801 санкции за брзо возење за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (14.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 801 возач.

Од нив 69 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 494 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички придонес за побезбедни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *