• Fri. Nov 22nd, 2024

Изречени 197 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица вчера во периодот од 10:00 до 18:00 часот била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Како што информираат денеска од МВР, при контролата биле констатирани 197 пречекорувања на брзината, од кои 81 на подрачје на Струмица, 50 на подрачје на Радовиш, 37 на подрачје на Гевгелија и 29 на подрачје на Валандово. Од нив, 122 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 75 надвор од населено место. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *