Какви сѐ податоци споделуваме со дигиталните уреди и услуги што ги користиме во текот на еден ден? Како можеме да ја заштитиме нашата приватност? Кои се предностите и слабодтите на паметните технологии?
Одговорите на овие и многу други прашања добија ученици од ООУ „Сандо Масев“ Струмица и СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, преку мултимедијалната изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“, што ја организира Македонски институт за медиуми – МИМ / Macedonian Institute for Media – MIM со поддршка од Delegation of the European Union, Skopje, во просториите на Europe House Струмица.