• Wed. Nov 27th, 2024

Изложба од етно наследството од гевгелискиот крај преку предмети, артефакти,обичаи и гастрономски вештини

Вчера беше одржана 10.традиционалната туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за
развој на туризмот, што ја организира Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија. На изложбата е претставено етно наследството од Гевгелискиот крај преку предмети, артефакти,обичаи и гастрономски вештини од страна на студентите на овој факултет.
Изложбата ја отвори деканот на факултетот Никола Димитров,поздравувајќи ги присутните гости, меѓу кои беа и директорот на Стопанската комора за туризам Биљана Пејовска-Ристевска, директорот на Агенцијата за промоција и за подршка на туризмот Љупчо Јаневски и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, укажа на значењето на оваа изложба, за што несомнено зборува и големиот интерес кај публиката. Особено што на овој начин се афирмира етно наследството на еден крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *