Во Уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, ќе биде поставена Изложба на цртежи „Скици 2022“. Биеналната изложба на цртежи на 4 март 2023 година, со отворањето ќе го доживее своето 8. издание како проект на НУ Центар „Трајко Прокопиев“- Куманово, а во организација на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и НУ Музеј- Гевгелија. Отворањето на изложбата е закажано од 19:30 часот. „Скици 2022“ е континуиран напор за реализација на идејата – цртежот како ликовна дисциплина и понатаму да биде актуелизиран и промовиран пред пошироката публика и ликовната критика.
Со свои цртежи, на изложбата се застапени следните академски ликовни уметници: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.