На 10 септември 2023 година (недела) во склоп на Босилово – Културно лето ќе се одржат два настани од уметнички карактер.
Во 20:00 часот во Парк на Паднатите Борци (до Дом на Култура) во Босилово ќе биде отворена изложбата на графики од циклусот „Дневник“ на Стефан Јакимовски, а во 21:00 часот ќе започне концертот на бендот Дактили.
Стефан Јакимовски е роден во Скопје, средно училиште завршува во Крива Паланка , а потоа димпломира и моментално е на постдипломски студии на Факултетот за ликовна уметност при УКИМ во класата на професорката Славица Јамешлиевс, во отсек графика. Членува во Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ.
Добитник е на бројни награди и признанија, а досега учевствувал во над триесет изложби во земјата и во странство.
Дактили е македонски авторски бенд основан во 2018та година во Струмица. Позади себе бендот има неколку изданија: ЕП-то “Ventana de Pasillo” (2019), албумот “Рандом Дестинација” (2020), сингловите “Убав Ден” и “Болни Светогледи”.
Иако бендот досега има променето неколку постави, Дактили го задржуваат она главното кое ги води – креативниот и храбар пристап во создавањето на оригинална музика.