• Sat. Nov 23rd, 2024

Изложбата „Несовршен простор“ шести пат се реализира во Струмица

ByЃ. K.

Oct 3, 2023

Здружението за култура Транзен по шести пат ја реализира изложбата „Несовршен простор“. Се доделува и наградата „Владимир Георгиевски“, во сеќавање на големиот мајстор на ликовната уметност, професорот Владимир Георгиевски. Добитник на наградата оваа година е младиот ликовен уметник Ѓорги Динев, а изборот на победникот беше направен во соработка со проф. д-р Фехим Хусковиќ. Оваа година наградата ја финансира и доделува семејството на професорот Георгиевски.

Делата на Ѓорги Динев се структурални, енформелни, навидум хаотични, но во нивната структура владее совршен распоред. Беспрекорна е ликовноста во композицијата. Неговото сликарство е симбиоза на графичките техники и сликарскиот јазик. Ликовните закони не се секогаш во хармонија со визуелните закони на природата. Ликовниот свет е автономен, независен и како таков тој содржи во себе посебни кодови на идентификација. Идентитетот на едно ликовно дело се потврдува преку отисоците и трагите од самиот автор, креаторот. Неговата целосна предаденост во процесот. Тие отисоци се видливи во делата на младиот уметник Динев. Самата техника е трансцедентна, некласична. Цртежот како да е изгребан во ѕид. А бојата е монохромна алхемија.

Темата на овогодишната изложба е ПУКНАТИНИ. Трагајќи по совршениот простор и пристап на ликовното дело, во концептот на изложбата ќе се бараат синхронизациите меѓу просторот во кој се создава и просторот во кој се изложува ликовното дело. И пак ќе се запрашаме: Постои ли совршено место за една слика, скулптура, графика, надвор од ателјето на уметникот? Како да ги вклопиме делата во светот? Постои ли совршен простор? И на оваа изложба ќе се направи синтеза од различностите меѓу стилските особености на неколку ликовни творци што активно создаваат во своите ателјеа: Андреј Митевски, Трајче Чатмов, Синиша Новески, Тони Попов, Перо Георгиев, Марјан Стојаноски, Љупка Галазка Василев, Ване Костуранов, Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Ѓорги Динев, Вангел Срнаков, Озбек Ајваз и Верица Арапова.

Кураторот на изложбата Никола Пијанманов, во каталогот ќе запише:
„Нешто распукало во нас од наслагите на постоењето, можеби, или пак од самото раѓање носиме пукнатини во телото и душата. Од бол или од радост, можеби, или пак од грч и гнев, од молк и осаменост. Пукнатините се неизбежни во процесот на животните активности, а сé што живее е подложно на кршливост. „Затоа што кревкото е силно, цврстото умира“ (Лао Це).
Темата на изложбата ги третира тие пукнатини за кои најчесто не сме свесни, но постојат под површината и видливото… Постојат и во нашите творештва, созерцанија, како напукнати огледала чии линии се шират, како брчки низ одразите на лицата. Се обидуваме да ги затвориме, сокриеме, сошиеме, а можеби токму тие се клучот на нашата творечка истрајност.“

Изложбата ќе биде поставена во просториите на Europe House Струмица, и финансиски е поддржана од Делегацијата на ЕУ во Република С. Македонија.

Здружението за култура Транзен по шести пат ја реализира изложбата ,,Несовршен простор”. Се доделува и наградата,,Владимир Георгиевски”, во сеќавање на големиот мајстор на ликовната уметност, професорот Владимир Георгиевски. Добитник на наградата оваа година е младиот ликовен уметник Ѓорги Динев, а изборот на победникот беше направен во соработка со проф. д-р Фехим Хусковиќ. Оваа година наградата ја финансира и доделува семејството на професорот Георгиевски.

Делата на Ѓорги Динев се структурални, енформелни, навидум хаотични, но во нивната структура владее совршен распоред. Беспрекорна е ликовноста во композицијата. Неговото сликарство е симбиоза на графичките техники и сликарскиот јазик. Ликовните закони не се секогаш во хармонија со визуелните закони на природата. Ликовниот свет е автономен, независен и како таков тој содржи во себе посебни кодови на идентификација. Идентитетот на едно ликовно дело се потврдува преку отисоците и трагите од самиот автор, креаторот. Неговата целосна предаденост во процесот. Тие отисоци се видливи во делата на младиот уметник Динев. Самата техника е трансцедентна, некласична. Цртежот како да е изгребан во ѕид. А бојата е монохромна алхемија.

Темата на овогодишната изложба е ПУКНАТИНИ. Трагајќи по совршениот простор и пристап на ликовното дело, во концептот на изложбата ќе се бараат синхронизациите меѓу просторот во кој се создава и просторот во кој се изложува ликовното дело. И пак ќе се запрашаме: Постои ли совршено место за една слика, скулптура, графика, надвор од ателјето на уметникот? Како да ги вклопиме делата во светот? Постои ли совршен простор? И на оваа изложба ќе се направи синтеза од различностите меѓу стилските особености на неколку ликовни творци што активно создаваат во своите ателјеа: Андреј Митевски, Трајче Чатмов, Синиша Новески, Тони Попов, Перо Георгиев, Марјан Стојаноски, Љупка Галазка Василев, Ване Костуранов, Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Ѓорги Динев, Вангел Срнаков, Озбек Ајваз и Верица Арапова.

Кураторот на изложбата Никола Пијанманов, во каталогот ќе запише:

„Нешто распукало во нас од наслагите на постоењето, можеби, или пак од самото раѓање носиме пукнатини во телото и душата. Од бол или од радост, можеби, или пак од грч и гнев, од молк и осаменост. Пукнатините се неизбежни во процесот на животните активности, а сé што живее е подложно на кршливост. „Затоа што кревкото е силно, цврстото умира.“ (Лао Це).

By Ѓ. K.