Државната изборна комисија денеска на својата прва прес конференција соопшти дека сите 32 избирачки места во дипломатско конзуларните претставништва се отворени на време, а право на глас имаат 1781 гласач.
Излезноста до 10 часот, е 7,71% соопшти денеска Државната изборна комисија.
Највисока излезност по ДКП забележана е во Сараево со 25%, Брисел со 16,33 и Прага 14,58. Најниска излезност има во Стокхлом.