Општинската изборна комисија во Струмица по направениот пресек до 15 часот информира дека излезноста на гласачите е 34 отсто , а изборниот ден тече без проблеми и нерегуларности.
Во Ново Село покрај изборот на претседател се бира и нов градоначалник. Таму од изборната комисија информираат дека излезноста до 13 часот е 34 отсто.
Излезеноста во останатите општини од југоистокот е следна: Дојран 42,36%, Радовиш 29,54% , Гевгелија 46,49%, Конче 35,8%, Валандово 38,9%, Босилово 24,91%, Дојран 42,36% , Василево 31%, Богданци 39,29%.