Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија од печат излезе второто надополнето издание на книгата „Дијабетес мелитус како јавен здравствен проблем во општина Гевгелија“. Автори на книгата се д-р спец. Андон Мандиќ, д-р спец. Зоран Димитров и д-р Златко Трајков.
Делото изобилува со информации за историјата на здравството и дијабетесот во град Гевгелија, сегмент за акутните и хроничните компликации од шеќерната болест, како и сегменти кои се обидуваат да понудат решенија во врска со третманот и превенцијата од оваа болест на територијата на општина Гевгелија, земајќи ги предвид официјалните епидемиолошки податоци.
Книгата ќе биде промовирана наскоро.