Пожарот што избувна вчера во попладневните часови во месноста „Срнак“ кај селото Моин, во вечерните часови бил локализиран и изгаснат од страна на пожарникарите и шумските работници, потврдија денеска од ТППЕ Гевгелија.
Пожарот почнал од една нива кај моинскиот краварник, од спротивната страна на Конска река, но со помош на ветерот од запалената сува трева брзо се ширел на кај селото и објектот на поранешната караула кои со брза интервенција на три противпожарни возила,присутните пожарникари и шумски работници биле заштитени од огнот. Освен сувата трева, огнот зафатил и нискостеблеста шума, најмногу прнар и до моментот на неговото гаснење се проценува дека ја изгорел вегетацијата на површина од 12 хектари.