По поставениот бетонски праг за заштита на реконструираниот Мост на Сува Река, на влезот во Моин, беше извршен технички прием на изведбените работи. Со тоа и официјално е завршена реализацијата на овој проект. Имено, реконструкцијата на Мостот што претставуваше закана за ова населено место по секој пороен дожд, заврши пред околу еден месец. Но, за целосно завршување на проектот беше неопходна и предвидената изградба на бетонски праг за дополнителна заштита на Мостот од поголемите речни води. Тоа беше овозможено во изминатиот сушен период, а пред последните дождови кога беше извршен и техничкиот прием.
Инаку, реконструкцијата на Мостот чинеше 2.110.076 денари, а изведувач на работите за целосна реконструкција на Мостот беше компанијата „Еуроинг“ која на објавениот јавен повик даде најповолна понуда.