На ден 16.8.2023 (среда) со почеток од 19 часот пред Домот на културата „Антон Панов“, во релаксирана атмосфера, ќе се одржи настан за сите љубители на шахот. Струмичани ќе имаат можност да пружат поддршка и да играат со учесниците на Светското и Европско првенство во шах со кои веќе се прават последите подготовки.
Организаторите им посакуваат среќа, успех и гордо да ги бранат боите на Струмица и Македонија.