14 годишниот Игор Геленчев од Богданци кај кого беше пронајден тумор на мозокот и за кого се собираа донации е опериран во Турција и според информациите од семејството тој се наоѓа во стабилна здравствена состојба . Но младото момче ќе мора да остане во турската клиника најмлаку уште еден месец каде ќе биде на терапија . Ова за Канал ВИС го изјави неговата мајка Живка со цел да ја информира јавноста која застана зад лекувањето на Игор
,, Како мајка на Игор, сите Вас кои со Вашата длабока хуманост помогнавте и се уште помагате со добра мисла и сочувство, сакам да Ве информирам дека докторите во Турција успешно ја извршија операцијата кај Игор. Нашата борба продолжува, затоа што утврден е прогресивен тумор (малиген), кој може брзо да се повтори или прошири. Ни претстои едномесечна зрачна терапија во истата болница во Турција. Јас сум горда мајка на едно храбро дете кое со Господовата волја и молитва ќе биде добро. Вашите позитивни мисли, драги луѓе кои сте со нас ни даваат сила. Господ е голем! Јас сум благодарна на секој ден во кој се будам со голема надеж за најдоброто за мојот син. Благодарна сум на сите Вас, на Вашата поддршка и можноста за малку спокој и голема надеж дека се ќе помине!,, ни напиша Живка