Додека Македонија го прославува својот Ден на Независноста, 8-годишната шахистка од Моноспитово, Надица Велкова ѝ подари на својата нација победа за паметење на европско првенство во шах во Романија. Во возбудлив меч, Надица ја оствари првата победа на европските првенства и тоа над грчка опонентка, Алики Чачали.
Справувајќи се со силната и искусна противничка како Алики Чачали од Грција, победата на Надица е доказ за нејзиниот природен талент, макотрпна работа на Шаховски Клуб ЦАРЕВИ КУЛИ и сите тренери кои се работеле и работат со неа.