Зимската заштита на овошките да се изврши најкасно до почетокот на вегетација, советуваат земјоделските стручњаци. Доколку растенијата сеуште не се развиени, ваквата заштита е неопходна, вели Игор Ивановски, магистар по земјоделски науки. Во случај, кога кај растението се отворени цветните пупки, не треба да се врши хемиска заштита и да се употребуваат бакарни фунгициди, за да не дојде до несекани последици.
Ивановски советува, во овој период на зимско мирување, овоштарите треба да извршат заштита на растенијата која се состои во т.н капење на овошките.
Зимската заштита кај виновата лоза може да се изврши и во овој период, додава Ивановски.