Струмичанката Кристина Зимбакова утре на врвот Сечена Скала на Беласица, висок 1.740 мнв, ќе ја отвори својата самостојна изложба „Ја извишила фортуната“ со триесетина уметнички дела изработени од габи и лишаи што ги собирала од планината и светот. Станува збор за изложба на отворено на неконвенционален простор, со која Зимбакова сака да ја спои љубовта кон планините и уметноста и да даде придонес кон промовирањето на природните вредности на Беласица.
Изложбата на врвот Сечена Скала биде отворена точно напладне и делата таму ќе стојат час и половина. За да се стаса до Сечена Скала е потребно возење два часа со теренско возило или пак планинарско печашење од четири часа.
„На изложбата ќе бидат претставени 33 дела во комбинирана техника создадени во последните две години. Габите и лишаите се примарно изразно средство вткаени за цртање фигури или составување мозаик. Матријалот е собран преку лични теренски истражувања во соработка со бионаучници. Во делата ќе има габи и лишаи од Беласица, од Антарктикот, суптропските предели на Австралија, САД, подножјето на Хималаите“, вели Зимбакова.