Струмица против Работнички. Ова е дербито од второто коло од првата кошаркарска лига на Македонија што ќе се одигра во утре (26.11) во струмичката сала Парк со почеток во 18 часот и 30 минути. Четата на Марин Докузовски од Скопје ја има фаворитската улога додека струмичани кои деновиве се ,,комплетираа,, ќе се обидат да направат изненадување. Двата тима по првото коло славеа. Струмица против Вардар, Работнички против Куманово.
Сепак утрешниот натпревар има и друга димензија. По 20 години Владо Илиевски повторно ќе ја осети салата Парк и тоа против ,,своите,, . Од една страна струмичани кои ќе биат на трибините а на терен момците на Златко Зетов со кого приватно се другари. Кој ќе биде подобар Зетов од клупа со својата дружина или Илиевски од терен?
Со Работнички доаѓа и Диматар Мираковски кој ќе биде задача за Ефтим Богоев или обратно. Двајцата пријатели чии кариери и први кошаркарски чекори но и оние на Илиевски почнаа во салата Парк во дресот на Неметали Огражден. Богоев и Мираковски како креатори на играта ќе треба да се надмудруваат но и да бидат предводници за своите тимови
,,Искрено, едвај го чекам натпреварот и да влезам во салата, да го почнам мечот, кој веројатно ќе го памтам до крајот на животот. Сум играл во многу големи сали во кариерата, пред многу публика, но очекувам и верувам дека во Струмица ќе биде нешто особено, нешто што не сум го доживеал претходно,, истакна Илиевски кој ја повика публиката да биде дел од овој натпревар .
,,Владо Илиевски нека биде најдобар на натпреварот но Струмица да победи,, изјави за медиумите Златко Зетов кој очекува со својот тим да му ,,парира,, на Докузовски во чии редови има доста квалитетни играчи
Сепак и Струмица не е за потценување. Со доаѓањето на Брчков и Зивчевиќ тимот е осетно засилено кој со подршка на публиката може да направи изненадување, доколку ја повтори играта од втората четвртина со Вардар. Струмичката дружина на Зетов и Настев против екс репрезентативците Илиевски и Мираковски но и четата на Докузовски се доволна провокација да се биде на трибините и да се ужива во нивната кошаркарска пресметка