• Mon. Nov 25th, 2024

Земјоделците од Куклиш на трактори – гневни на ниските откупни цени

Немањето откуп,  ниските откупни цени,  увозот на зеленчук од Албанија, Грција и Турција, незаинтересираноста на Владата да ги решава проблемите со пласманот. Тоа беа причините што на празник Св. Кирил и Методиј  се  крена струмичките земјоделци на протест и тоа со трактори и придружна земјоделска механизација. Мирниот протест започна во селото Куклиш кој се смета за најголем производител на зеленчук во струмичко. Од таму со вклучени сирени цел час возеа по струмичките улици со цел да се алармира Владата конечно сериозно да се зафати со решавање на аграрните проблеми

,,Бараме да се спречи увозот на зеленчук од Албанија, да се укине оданочувањето на земјоделците, преработувачите да склучуваат договори за индустриските пиперки,, рече Васко Секиев од иницијативниот одбор за протест  од Кукла Градинар Куклиш

Побараа итна средба со преставници на Владата оти земјоделците веќе работата во загуба. Во спротивно протестите со земјделска механизација ке се радикализраат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *