• Sat. Nov 23rd, 2024

Земјоделците да внимаваат на каренцата-времето поминато од последното третирање до бербата , вели професор д-р Душан Спасов

За да имаме квалитетна и здрава исхрана земјоделците треба да внимаваат на правилна употреба на пестицидите, вели професор д-р Душан Спасов. Според него постојат одредени параметри кои треба да се запазат при користење на пестицидите. Еден од најважните кои ги наведува Спасов, е каренцата, односно времето поминато од последното третирање до бербата.

Одредени препарати имаат многу ниски каренци, вели Спасов. Тој посочи и дека некои пестициди кои се користат во градинарството не можат да се употребуваат во овоштарството, и обратно. Затоа земјоделците треба многу да внимаваат при нивна употреба.

На секој препарат на декларацијата има некои параметри на кои треба да се внимава, додаде Спасов. Освен каренцата, битни параметри за пестицидите се и ЛД-или т.н летална доза, ризидуата-односно остатокот или количество од активна материја од пестицидите.