Здружението НОВУС бара мотивирани и посветени млади лица да се вклучат во реализација на проектни активности и тоа:
– Комуникација со институции и организации
– Асистирање во организирање на настани
– Поддршка во вршење истражувања и анализи
– Следење на тековни медиумски објави/настани
– Подготовка на информативни материјали
– Други тековни активности од работењето на здружението
Со ова, волонтерите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на донаторски финансирани проекти, комуникација и соработка со други граѓански организации, фондации и институции меѓу кои и Европската унија, организација на настани, консултации со засегнати страни и спроведување истражувања и анализи.
Заинтересираните кандидати треба да изразат интерес со испраќање мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на zdruzenienovus@gmail.com заклучно со 31.05.2017 г. Кандидатите ќе бидат известени за конечната одлука по електронска пошта.