Во месец декември здружението Скај плус одржа серија обуки за медиумска писменост во средните општински училишта “Јане Сандански” и “Никола Карев” во кои учествуваа над 200 ученици од втора и трета година.
Обуките се дел од проектот за медиумска писменост “Јутјуберска платформа за медиумска реформа” за развивање критичност кај младите од Југоисточниот регион.
Учениците се едуцираа за важноста од правилното информирање, но и стекнаа вештини како да ги детектираат и одвојуваат лажните вести, манипулативните и сензационалистички содржини од професионалните новинарски текстови.
Учениците имаа и вежби низ примери во кои самите ги проверуваа информациите во медиумските содржини и утврдуваа дали се изработени според прифатените новинарски стандарди.
Проектот е финансиран од вториот циклус на мали грантови на #Критинк спроведен од #Metamorhosis Foundation и #Eurorhink – Centre for European Strategies.